Руд Гулит, славниот Холанѓанец и еден од најдобрите фудбалери во светот во негово време, за синоќешниот прв полуфинален меч во ЛШ меѓу Тотенхем и Ајакс имаше свој коментар, посебно за тимот од Лондон.

„Толку добри играчи а толку лоша претстава. Навистина сум разочаран. Деле Али, о, мој Боже…Никаков техничар, навистина е лош. Виктор Ванијама? Тој е уште полош…“констатираше Гулит. Инаку тој истакна дека го следи внимателно англискиот фудбал уште од времето кога беше тренер во Челзи.

„Ги следам натпреварите од Премиер лигата и затоа се прашувам:„Како е ова можно“. Толку грешки имаа „спарси“, навистина несфатливо. На моменти не знаеја што прават. Затоа морам да го пофалам Ајакс и неговиот тренер Ерик тен Хаг, горд сум на него“ заклучи Руд Гулит.