Ферхан Буба Хасани најверојатно ќе ја прифати понудата од Сиваспор и во јуни ќе потпише за клубот кој моментално се наоѓа на 12.место во Првата лига на Турција. Да потсетиме дека меѓу Буба и Сиваспор имаше „конекција“ минатото лето, но македонскиот репрезентативец и еден од нашите најдобри фудбалери, тогаш се реши да ја прифати милионската понуда на Ал-Раед од Саудиска Арабија, клуб со кој Буба би требало да заврши во јуни кога и му истекува едногодишниот договор. Се разбира дека на се ова Шкендија нема да седи со скрстени раце, нашиот шампион не крие дека сака да го врати во своите редови својот некогашен капитен со кого лани стигна до двојната круна, со цел и Буба да биде во тимот кој ќе ја нападне групната фаза во Лигата на Европа. Постојат  комбинации Хасани да игра во Шкендија до септември, да му помогне на нашиот првак во остварување на целта а потоа да оди во Сиваспор. Ќе видеме како ќе се одвиваат настаните поврзани со Хасани, едно е сигурно, а тоа е дека тој нема да продолжи да игра во С. Арабија. Едноставно сака да му се врати на вистинскиот фудбал што се вели.