Со голот на Луис Суарез, Барселона замина со предност од 1:0 на полувреме на дуелот со Ливерпул во првото полуфинале од ЛШ. По почетниот притисок на Ливерпул, Барселона успеа да ја изгради првата добра ситуација од која успеа и да реализира. По едно перфектно додавање од Жорди Алба, Луис Суарес се протна низ дефанзивата на „црвените“ , постави нога и го матираше Алисон Бекер во 26. минута за предност на каталонците од 1:0.


Ливерпул поради повредата на Кеита мораше да менува уште во 21.минута, кога на местото на повредениот играч за врска во игра влезе капитенот Џордан Хендерсон.

Интересно е што погодокот на Суарез, впрочем беше 500-ти погодок на каталонците во настапите во Лигата на шампионите низ историјата.