20-годишниот македонски фудбалски интернационалец во дресот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски, имаше фантастично изведен слободен удар на денешниот меч со младинците на Бенфика, но за несреќа, пречката не дозволи да го погоди противничкиот гол. И без неговиот погодок, Спортинг оствари триумф од 4:2, но остана бод зад екипата на Авеш и не успеа да се закити со младинската круна во Португалија.

Одличните настапи оваа сезона, се одлична препорака за него да добие наскоро шанса и во првиот состав на лисабонскиот гигант, каде веќе настапува нашиот сениорски репрезентативец, Стефан Ристовски.