И покрај сите очекувања дека повредата е санирана, Јирген Клоп, сепак, вечерва нема да смета на еден од своите најдобри фудбалери, Роберто Фирмино.

Според информација на весникот „Сан“, 27-годишниот напаѓач на „црвените“ денеска имал нови лекарски прегледи, чии резултати не биле добри. Медицинскиот штаб на клубот не му дал дозвола за да учествува на вечерашниот меч, што значи дека Клоп ќе мора да бара нова солуција во нападот.

Некои други медиуми, пак, велат дека Клоп и медицинскиот тим планираат попладнево уште еднаш да направат индивидуален тест со Фирмино, пред да донесат конечна одлука за неговото место во тимот вечерва.