По мечот со Интер, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри влезе во кавга со некогашниот играч на Интер, Бреша, Фиорентина, Лацио…а сегашен коментатор, Даниеле Адани.

По оваа случка, најави дека нема да каже ниту збор на никого:

„Доста, повеќе нема да кажам ниту еден збор. Запамтете го ова“, им се обрати на новинарите.

Сепак Алегри ја испочитува официјалната прес-конференција, но не остана покус по оние пишување дека Антонио Конте наскоро ќе го замени на клупата.

“Конте се враќа? Новинарите можат да пишуваат што сакаат и која сакаат. Секогаш е истата приказна. Од година во година на големо се зборува дека ќе го напуштам Јувентус, но јас сум тука веќе пет сезониа. Веќе ја планираме следната сезона и имаме еден месец за тоа“.

52-годишниот стручњак освои пет титули по ред во Италија, неговиот договор со „Старата дама“ истекува следното лето.