Пред стартот на реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави номинациите за Ол-стар тимот, кој ќе го прогласи пред стартот на фајнл-фор завршницата во Келн.

Познати се имињата на голманите кои се најдоа во тесниот избор, а меѓу нив се најде и Дејан Милосављев. Вардаровиот чувар на мрежата има сезона од соништата, па нема да биде незаслужено доколку биде дел од Ол-стар тимот.

Сите детали околу начинот на гласање може да ги добиете во продолжение.