Црногорецот Вуко Борозан е новото засилување на унгарски Веспрем, тврдат шпанските медиуми.

Левиот бек на Вардар, кој по неделата на ЕХФ минатиот месец воопшто не се врати во Скопје, се тврдеше дека од следната сезона се сели во каталонскиот гигант Барселона, но напротив неговиот пат води кон Унгарија.

Давид Дејвис, кој одлично го познава Борозан од периодот кога тој заедно со Раул Гонзалез седеа на клупата на Вардар, го „прибра“ Црногорецот.

Борозан уште во јануари беше на лекарски прегледи во Барселона, но откако не ги мина истите долго време се натегаше со Каталонците за тоа дали договорот да биде на една или на две години, а истовремено купуваше и време во Вардар, потенцирајќи дека повредата на коленото се уште не е санирана комплетно. На крајот тој си замина и не се врати повеќе, а сега ќе бара нова шанса во редовите на Веспрем.