Инфарктот кој на вчерашниот утрински тренинг го доживеа легендарниот шпански голман Икер Касиљас не значи само крај на сезоната за него, туку и крај на кариерата.

Ова го тврди шпанскиот кардиолог (и поранешен кошаркар на Реал Мадрид) Хуан Антонио Корбалан, кој истакна дека со стент на срцето Касиљас нема да може повееќе да игра професионален фудбал.

„Не може да се игра фудбал со стент на коронарната артерија на срцето, дури и ако се работи за голман. Икер ќе има нормален живот повторно, но нема да може да игра професионално“, објасни Корбалан.

Касиљас се почувствувал лошо на утринскиот тренинг на Порто, а медицинскиот тим веднаш интервенирал и е пренесен во болница. По кусата хируршка интервенција поставен му е стент на срцето и тој е во стабилна состојба.