Македонскиот интернационалец и член на Ружомберок Тихомир Костадинов, е вметнат во тим на колото на словачкиот шампионат.

Пред неколку дена се одигра 6. коло од плеј-офот, а токму Костадинов со гол донесе победа на Ружомберок над Серед. Тимот на Костадинов и натаму е во битка за третото место кое носи излез во Лигата на Европа.