Пет гола по првите 45 минути од првите натпревари од полуфиналето на Лигата на Европа, од кои три во Лондон, а два во Франкфурт. На „Емирати“ Арсенал успеа да и сврте на Валенсија на 2:1 откако „лилјаците“ поведоа со голот на Диакаби во 11 минута. Но во период од 18. до 26. минута Александре Лаказет даде два гола и донесе водство на „топчиите“.

 

Во Франкфурт Ајнтрахт водеше против Челси и прими гол пред истекот на првото полувреме. Стрелец на голот, кој друг ако не, маестро Лука Јовиќ. Српскиот центарфор искористи центаршут на Костиќ и со глава го совлада голманот Аризабалага.

Неговиот ефект во досегашниот дел од сезоната во сите конкуренции е 26 гола од кои 14 со десна нога, осум со лева и четири со глава. Ова му е деветти гол во Лига Европа.

Но Челси возврати преку Педро. Шпанецот се снајде во мешаницата пред голот и го совлата Трап.