Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев и неговата Казинчарчица (ВРЦК) ја одбранија шампионската титула во Унгарија, откако во финалната серија од 3-1 го елиминираа ЛВ Касиер. Ова е втора титула во низа за Милев, или вкупно петта во клупската историја на Казинчарчица.

ВРЦК во четвртиот натпревар во серијата, кој беше долг, драматичен и неизвесен со 2:3 (27:29, 25:14, 16:25, 28:26, 9:15) славеше на гостувањето кај Касиер. Милев освои седум поени за својот тим во решавачкиот натпревар од серијата.

Со ова нашиот примач заврши со обврските во унгарското првенство и сега може да се одмори и да се посвети комплетно на подготовките со националниот тим за дебито на Европското првенство во септември.