Македонската кошаркарска федерација „останува“ без претседател до Изборното Собрание кое е закажано за 15. мај. На првиот човек на МКФ, Петар Наумоски мандатот му истече пред неколку дена поточно на 27. април.

Некогашниот репрезентативец токму пред четири години седна на претседателската фотелја на местото на Даниел Димевски.

Останува нејасно дали Наумоски ќе има право да потпишува документи токму до изборот на новиот или пак според најавите старо-новиот претседател (по најавите на Огнен Дедиќ) или пак тоа ќе мора да го сторат потпретседателите, а ги има двајца. Сашо Дракуловски – потпретседател на МКФ, заменик на претседателот и Седат Мемед – потпретседател на МКФ задолжен за работата на сениорските лиги.

Што се однесува до трката, официјално своите кандидатури ги објавија Перо Антиќ, кој има огромна поддршка и според многумина треба да ја добие довербата, и Владимир Темелковски, кој во моментов ја извршува функцијата на спортски директор.