Ништо не може да помине во светот на фудбалот ако свој „зачин“ со коментар не стави Жозе Мурињо. По повод поразот  на Ливерпуп од Барселона, но и по дебкалот на Манчестер Сити во ЛШ, „специјалниот“ имаше свој коментар за неговите колеги Јирген Клоп и Пеп Гвардиола…

„Би сакал да водам клуб каде што би ги имал истите услови како Клоп и Пеп. Кога ќе ја погледнете оваа екипа, колку од нив беа кога дојде Јирген на „Енфилд? Само неколкумина. А Пеп не задоволен од бековите и веднаш купува тројца. Го купи голманот Клаудио Браво, па откако не беше задоволен од него го купи и Едерсон. А, да, да не заборавам. Кога Јирген нема да освои трофеј три години, тогаш никому ништо, тој и натаму ја има довербата, поддршката“ резигниран е Жозе.