Ајнтрахт вечерва го играше првото полуфинале во некој европски куп по 1980 година. Навивачите се во еуфорија и решија на фантастичен начин да го одбележат успехот на својот клуб, а истовремено да им дадат поддршка на своите фудбалери, а да им влеат страв на гостинските. Мечот заврши 1:1 на разочарување на поголем дел од нив затоа што очекуваа да го турнат англискиот гигант. Сепак, има реванш можеби таму ќе направат сензација.

Како и да е, навивачите направија фантастична атмосфера која беше пренесена низ социјалните мрежи. Еве како изгледаше тоа. Да ти е мерак да гледаш фудбал на „Комерцбанк арената“.