Пред неколку денови Шефилд Јунајтед избори пласман во Премиер лигата, а за нив игра Оливер Норвуд, фудбалерот кој три едноподруго сезони влегува во Премиер лигата но она што е интересно никогаш не заиграл во неа. Навивачите се шегуваат со тоа што секој од Чемпионшип што ќе сака да се пласира во најсилната лига мора да го донесе Норвуд во своите редови затоа што носи среќа.

Но не знаеме дали ќе остане кај „сабјите“ или ќе ја продолжи традицијата. Имено пред две сезони избори директна промоција со Брајтон, а потоа веднаш се префрли во Чемпионшип во тимот на Фулам. Тука помина една сезона со малиот лондонски клуб избори пласман во Премиер лигата и повторно се врати во Чемпионшип во дресот на Шефилд Јунајтед. Норвуд доби „трета среќа“ па ќе видиме дали, конечно, ќе заигра во најсилната англиска лига или ќе си се врати во вториот ранг на натпреварување во Англија и секако во друг клуб.