По се она што се случи синоќа на мечот Барселона – Ливерпул, Марка утринава излезе со интересна сторија, со приказната за двајцата најголеми во историја на фубалот Марадона и Меси. За денот кога Диего го научил Меси како се изведуваат слободните удари.

Во февруари 2009 година, само неколку денови откако Марадона седна на селекторската фотеља на Аргентина, „гаучосите“ биле во Франција каде што се подготвувале за еден пријателски меч со локален тим. По тренингот Маскерано, Тевес и Меси останале да шутираат слободни удари.

Кога дошло ред на Лео, тој шутнал катастрофално, топката отишла далеку над голот а тогаш младиот генијалец се посрамотил и заминал во соблекувалната. Кога тоа го слушнал селекторот се стрчал до соблекувалната и се развикал:„Леито, Леито ајде со мене на терен“. И таму големиот Диего му покажал како тоа треба да се прави, кога се шутира со левата нога, како тоа треба да изгледа една фелширана топка. Лео останал стаписан, но веднаш ја научил лекцијата и само благодарение на големиот Диего сега и тој е голем, тој е фудбалски господ.

Аргентина навистина има(ла) среќа што изнедрила двајца генијалци, МАРАДОНА и МЕСИ, двајцата најдобри фудбалери во историјата.