Веселин Вујовиќ замина во историјата на Железничар. Сега веќе екс-стратегот минатата недела пред медиумите откри зошто пред време ја заврши соработката.

Вујовиќ не криеше дека клубот се наоѓа во катастрофалната финансиска состојба, изјава по која се огласија челниците на клубот и која предизвика револт.

„Финансиската ситуација во Железничар оваа сезона е далеку од идеална, но и далеку од катастрофална како што кажа господинот Вујовиќ“, се вели на почетокот на соопштението на српскиот тим.

„Настапот на господинот Вујовиќ на последната прес-конференција излегува од џентлменскиот круг на однесување, кога станува збор за неговиот однос кон клубот каде работеше. Само неколку дена пред неделниот меч со Динамо во Панчево, кој е изгубен токму поради лошата тактика во последната минута, тој во едно интервју изјави дека во Железничар се чувствува како да живее со жената која не ја сака, што пак е доста навредливо за сите во Ниш. Исто така во текот на целата сезона го напаѓаше ракометниот сојуз на Србија.

Точно е дека во текот на сезоната имаше кризни моменти, кои со помош на Вујовиќ ги минавме, но вистина е дека голем број клубови од Србија, но и во регионот минуваат низ тешки моменти“, велат од таборот на тимот од Ниш.