Додека бразилскиот фудбалер Артур Мело и неговата Барселона со 3:0 славеа над Јуверпул на „Камп Ноу“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, вистинска драма се одвивала во неговиот дом.

Двајца маскирани насилници преку прозорец влегле во неговата куќа, во која бил и неговиот брат Пауло. Ограбувачите му се заканиле дека ќе го заколат со ножеви, а на фудбалерот му е украден накин и часовник Ролекс, пишува Мундо Депортиво.

Братот на Мело не е повреден при грабежот.

Ова не е прв случај насилници да влегуваат во домови на фудбалери додека тие играат важни натпревари. Последна ваква случка имаше играчот на Бетис, Вилијам Карваљо.