Актобе е казнет со забрана за регистрација на играчи, и тоа поради Муарем Муарем. Македонскиот фудбалер го тужеше клубот од Казахстан поради непочитување на правилата по раскинувањето на неговиот договор во 2018 година.

Муарем стана дел од овој клуб во 2017 година, но кратко се задржа. Потоа играше во Албанија и во Шкупи, но сега поради допинг не игра фудбал.

Меѓутоа поради неправедно раскинување на договорот, Муарем ги тужеше пред ФИФА, и го доби спорот со кој Актобе ќе мора да му исплати пари на фудбалерот, а клубот се соочи со забрана за регистрирање на играчи во следниот преоден рок.