Како загревање за она што не очекува на реванш натпреварите во четвртфиналето, ЕХФ на официјалната „Фесјбук“ страница потсети како беше минатата недела во СЦ „Јане Сандански“.

Оние емотивни моменти по завршување на дуелот меѓу Вардар и Пик Сегед меѓу ракометарите и фановите дефинитивно никој нема да ги заборави, а се чини во оваа група е и ЕХФ.

„Верувајте ни, само пуштете го гласот“, пиша ЕХФ.
Вардар во недела му гостува на Пик Сегед, па овој видео-запис нека биде дополнителен мотив за „црвено-црните“.