Вардаровиот стратег Роберто Гарсија Парондо од унгарските медиуми беше претставен како најсериозен кандидат за селекторската позиција на машкиот сениорски национален тим на Унгарија.

Шпанецот ја демантира ваквата информација, потенцирајќи дека освен телефонски повик, конкретна понуда не добил.

„Вистина е дека ме контактираа, но тоа беше само еден телефонски повик, без конкретна понуда или било каков вид на преговоти, кои би ме правеле сериозен кандидат за селектор на Унгарија“ – кусо објасни за СПОРТМЕДИА, Роберто Парондо.

Парондо е комплетно фокусиран на реванш мечот со унгарскиот првак Пик Сегед, кој Вардар го игра в недела (19 часот) во Сегед.