Убедливата партија на Вардар против Пик Сегед ретко кој може да ја заборави. И покрај лошите вести кои ги добија пред дуелот со унгарскиот тим, ракометарите на македонскиот првак одиграа херојски, лавовски и потврдија дека од прв до последен се професионалци.

Сега пред важната битка во Сегедин за потврда на третиот по ред Ф4 во Келн, како сите да гледаме со страв, не сакаме оваа бајка да заврши пред време.

Анализи се прават на големо, додека „црвено-црните“ тивко се подготвуваат, познатиот коментатор на ЕХФТВ, Том О’Бранинг во своја нова колумна кратко и јасно пиша зошто Пик Сегед не може да го победи Вардар со девет гола разлика.

„Да бидам искрен не можам да го видам Пик Сегед како го победува Вардар со девет гола разлика. Цела сезона немаат убедлив триумф, зошто би го сториле тоа сега“, вели Том О’Бранинг.