Дисциплинскиот и етичкиот орган на УЕФА донесе одлука за учество на Жуниор Мораеш за украинската фудбалска репрезентација. Од таму велат дека пријавата е уредна и дека нема никакви нарушувања што значи дека Украина е чиста пред УЕФА и дека нема да има санкции кон неа.

Украина одигра реми со Португалија во Лисабон, а потоа го победи Луксембург и собра четири бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Но се појави спор околу фудбалско „државјанство“ на Бразилецот па Украинците трепереа за освоените бодови.

Според пропозициите фудбалер, кој не е роден, нема потекло и не е државјанин на таа земја, за да може да игра во националниот тим, мора да живее во таа земја пет години без престан. А Мораеш во Украина живеел четири години и осум месеци (играше за Металург Доњецк и Динамо Киев), а потоа шест месеци живеел во Кина (кога играше за Тјанџин Теда), а потоа се врати во Украина и сега игра за Шахтјор Доњецк.

Од УЕФА проценија дека се е во ред и дека нема да има санкции кон Украинците.