Еурофарм Работник е екипата која ќе стои на патот на Вардар во одбрана на Куп титулата. „Фармацевтите“ се ривалот на „црвено-црните“ во полуфиналето на Ф4 Купот на Македонија, кој од 9 до 11 мај ќе се одржи во Куманово. Вториот полуфинален пар во машка конкуренција го сочинуваат Металург и Бутел, така дефинираше денешната ждрепка која се одржа во просториите на РФМ.

Во женска конкуренција, пак, полуфиналните парови ги сочинуваат Куманово и Металург, додека Вардар се соочува со Стружанка.

Ко-организаторот на Купот, Куманово, потврди дека женското полуфинале на програмата ќе биде в четврток (9 мај), а сатниците и распоредот на натпреварите дополнително ќе бидат објавени. Полуфиналето во машка конкуренција, пак, се игра ден подоцна, петок (10 мај), а деталите ќе бидат дополнително познати.

Финалето и во машка и во женска конкуренција се игра в сабота (11 мај) каде дамите се први на програмата од 16 часот, додека мажите играат од 20 часот.

Ф4 КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019

ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ (09.05.2019)

Куманово – Металург

Вардар – Стружанка

ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ (10.05.2019)

Металург – Бутел

Вардар – Еурофарм Работник

ФИНАЛЕ (11.05.2019)

16:00ч. ФИНАЛЕ ЖЕНИ

20:00ч. ФИНАЛЕ МАЖИ