Умит Каран, стратегот на Шкупи веќе два дена е во Скопје. Познато е дека тој има проблеми во својата Турција, но се додека не се реши и дефинитивно судскиот спор, Умит Каран ќе го води Шкупи од клупата. А тоа значи дека тој утре на дербито со Вардар ќе биде на клупата на чаирчани. Неговото доаѓање наиде на задоволство кај сите во клубот, посебно кај фановите и играчите.

БАЈРАМИ: ВАЖЕН МЕЧ ЗА НАС, ЗА „ШВЕРЦЕРИТЕ“…

Муарем Бајрами, капитенот на Шкупи, за утрешното големо дерби со Вардар, има свој коментар…

„Ова градско дерби против Вардар секогаш е нешто посебно, особено кога се игра на Чаир. Ова е важен меч за нас, важен за „шверцерите“. Ветувам дека целиот тим ќе го даде својот максимум, ние сакаме до крајот на сезоната да останеме на тоа 4.место кое можеби ќе води во Европа. Се надевам на голем натпревар со силниот Вардар, но се разбира посакувам по мечот да се радуваме со нашите фанови“.