Леванте си го осигура местото во Ла Лига откако денеска со 4:1 го совлада Рајо Ваљекано, а со тоа го испрати малиот мадридски тим во Сегунда. Тимот од Валенсија имаше совршена партија, а последниот гол од петте беше дело на Енис Барди кој, конечно, се впиша во листата на стрелците по осум месеци. Претходно стрелаше прецизно на 6. октомври во победата над Хетафе, а денеска го даде само вториот гол сезонава. Барди ја затресе мрежата на противникот во 90. минута, а судијата мораше да побара помош од ВАР да се увери дека немало офсајд во таа ситуација. Голот е признат и резултатот е регистриран со 4:1.

Рајо за кого не бранеше Столе Димитриевски се сели во Сегунда. Всушност практично се во Втората лига иако постојат микронски шанси да остане. Победа или реми на Селта против Барселона вечерва ќе значи и крај на сите надежи на Рајо за опстанок.