Практично со вториот состав, Барселона и немаше поголеми амбиции да извади добар резултат на гостувањето кај Селта, по што домашните добија вистински подарок од шампионот во вид на три бода, кои за нив значат опстанок во Ла Лига. Момците од Виго ја искористија шансата и со 2:0 славеа над резервистите на Валверде, кои вечерва не ги искористија своите минути за докажување.

 

Домашните кои од „петни жили“ бараа бодови за опстанок, поведоа со голот на Гомез во 67. минута, а потврдата на домашната победа стигна со голот од пенал на Јаго Аспас на една минута пред истекот на регуларните 90 минути. Барселона го сочува свеж првиот тим за реваншот од Лигата на шампионите и реваншот во вторник со Ливерпул.