Вардарци го направија последниот договор пред утрешниот дуел со Пик Сегед во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници го одбработија единствениот тренинг во спортска сала „Вароши“ и подготвени се да ја одбранат онаа позитива од осум гола и да пишат нова историја – хет-трик на завршницата во елитното натпреварување.