Најдобрата македонска маратонка Андријана Поп Арсова постави нов државен рекорд на јубилејното издание на Виз Ер Скопскиот маратон. Поп Арсова заврши на седмото место на женскиот маратон на улиците на Скопје со време 2:52.52 часа и со тоа го поправи националниот рекорд за околу шест минути.

Од домашните претставници во машка конкуренција најдобро време имаше Александар Кираџиев со време 2:37.41 часа, кој трката ја заврши на шестото место.