Струга Трим Лум и официјално е нов прволигаш, на лидерот доволно му беше и реми во Битола кај Пелистер, за да на три кола до крајот ја задржи предноста од 10 бодови. Гостите поведоа со голот на Цветаноски, додека Бошковски израмни на 1:1. Голем бод за битолчани, голема радост за стружани. Лабуништа пак извлече бод во Гостивар, играјчќи 2:2. Домашните водеа во два наврати, и со 1:0 и со 2:1, но сепак Лабуниѓта со голот на Далчески во 60. минута успеа да израмни и да освои бод. Тетекс со погодокот на Билбилоски во 72. минута успеа да го совлада составот на Кораби и да освои големи три бода. И на Автокоманда домашниот Скопје со голот на Тони Брњарчевски уште во 20. минута успеа да слави над Влазерими.

 

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

ГОСТИВАР – ЛАБУНИШТА 2:2

ПЕЛИСТЕР – СТРИГА ТРИМ ЛУМ 1:1

ТЕТЕКС -КОРАБИ 1:0

СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ 1:0

ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР – ГОБЛЕН2:0