Во пресрет на натпреварите од денешното 24.коло во Втората Лига – Запад, најважната дилема е дали Битола, односно Пелистер први ќе и честитаат на Струга Трим Лум како нов прволигаш. Се разбира дека дербито се игра под „Тумбе Кафе“ а домашните ќе одат на победа, но против себе ќе ја имаат силната Струга Трим Лум. „Ураганот“ од Струга посакува три бода и ставање „печат“ на официјалниот пласман во Првата лига за следната сезона.

„Зелените“ од Битола пак имаат голем мотив, им се отвара шанса за пласман на второто место. Моментално втората Лабуништа му оди на Гостивар, исто така битен натпревар, посебно за гостите, кои на крајот не сакаат да си дозволат да им „избега“ и второто место, односно баражот.

Тетекс под Шара го дочекува тимот на Кораби, Скопје пак на Автокоманда составот на Влазерими. Вчера се играше мечот меѓу Генч Калемлер и Гоблен кој заврши со триумф на домашните од 2:0.

ДВОЈКИ ЗА 24. КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ГОСТИВАР – ЛАБУНИШТА

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ТЕТЕКС – КОРАБИ

СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ

ВЧЕРА

ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР – ГОБЛЕН 2:0