Викендов се дефинира изгледот на јубилејниот десетти Ф4 во Келн, а македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Дејан Манасков со нивните Нант, односно Веспрем, се првите кои ќе ги дадат патниците во „Ланксес“ арената.

Кирил Лазаров по пауза од година дена вечерва се враќа во „Блауграна“ каде со Нант ќе имаат тешка задача да надоместат негатива од седум гола (32:25) за да го повторат ланскиот историски клупски успех. Но, фактот дека во „Блауграна“ Барселона не губи, ја прави тешка, скоро невозможна мисијата за Лазаров и неговите соиграчи, односно Гурбиндо, Ривера и Балагер, кои исто така се враќаат во добро позната средина.

Манасков, пак, во сосем поинаков амбиент го пречекува реваншот со Флензбург пред својата публика во „Веспрем“ арената. Тимот на Давид Дејвис одлично си ја одработи задачата на гостински терен пред една седмица, има позитива од шест гола (28:22), а сега со поддршката на своите фанови ќе се избори за нов пласман на Ф4 (по пауза од една сезона).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ МАЖИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, РЕВАНШ

Веспрем – Флензбург           17:30ч.

Барселона – Нант      19:30ч.

ПСЖ – Келце  недела

Пик Сегед – Вардар  недела