Познато е дека Шкупи има млад и квалитетен состав, дел од нив се талентирани момци кои секако дека се цел на интерес на клубови од околните земји, но и од Европа. Па така денеска на дербито со Вардар, на стадионот на Чаир ќе има повеќе скаути и менаџери од Хрватска, Чешка, Албанија и други.

Во преден план се Бесир Исени, Виктор Ангелов, Рон Броја, Сухејб Мухарем. Во секој случај ќе биде интересно на теренот, кога играат Шкупи и Вардар битка се бие за секоја педа од теренот, играчите многу не се оптоваруваат дека некој ги гледа од скаутите и менаџерите, поважно е да се победи лутиот ривал. Затоа попладнево на Чаир ќе има што да се види.