Ако Работнички не сака да игра против некоја екипа од ПМФЛ, тоа секако дека е Шкендија. А денеска на Арената „Тоше Проески“, во рамките на 32.коло, во еден од дерби мечевите, ја дочекува Шкендија, и мора како знае и умее да освои најмалку бод. А еве зошто на клубот од Градски парк ќе му биде тешко.

Имено ако се земат резултатите на последните седум меѓусебни мечеви во првенството, ќе се виде дека Шкендија има само победи. Тоа е поразително за „романтичарите“ кои имаат намера токму денеска да ја урнат таа традиција и да и го одложат шампионското славје на Шкендија. На тие седум мечеви Работнички постигнал само шест голови а примир дури 22.

ПОСЛЕДНИ СЕДУМ МЕЧЕВИ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:0

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:2

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 6:2

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3:0

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:2

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:1

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2:6

Вкупно:           7          0          0          7          6:22