Фото: Петр Стојановски

Јубилејното 15-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон, на кој учествуваше рекорден број, над 12.000 учесници од 58 држави, понуди една поинаква слика на Скопје, кој во претпладневните часови дишеше поинаку, односно во спортски дух.

Полни улици како со натпреварувачи, така и со поддржувачи и публика која излезе да види што има да понуди јубилејното издание и секако да ги поздрави и рекреативците и полумаратонците, па и оние најдобрите, кои го освоија 15. Скопски маратон.