Пред само два дена прославениот шпански репрезентативец Чави Ернандез го најави крајот на играчката кариера и тоа дека продолжува како тренер, а веќе почнаа шпекулациите за тоа на чија клупа ќе седне.

Најавите се дека тој ќе биде нов тренер на Реал Бетис, односно дека ќе се врати дома во Шпанија и ќе го заземе местото на Кики Сетиен, кој на крајот на сезоната сигурно ќе замине од клубот од Севиља.

Клубот веќе го контактирал Чави и доколку биде постигнат договор фудбалерот од следната сезона одново ќе го видиме на „Камп Ноу“, против клубот во кој ја стекна најголемата играчка слава.

Претходно шпанските медиуми најавуваа дека ќе остане во Ал Сад, клубот во кој ја заврши кариерата и ќе му помага на Катар да го крене фудбалот на уште повисоко ниво и да биде спремен за Светското првенство во 2022 година.