Нова осма по ред победа на Шкендија над Работнички, сосема доволно за нова или вкупно трета шампионска „ѕвездичка“. Тотре во самиот финиш погоди за победа од 1:0, и тоа беше тоа. Едноставно продолжува доминацијата на тетовските „црвено – црни“, започната пред две години. Оваа сезона нема да биде +35 бодови разлика, но и оваа сезона Шкендија едноставно немаше конкуренција. Беше најдобра и заслужено ја освои и официјално титулата на четири кола до крајот.