Тренерот на руски Зенит, Сергеј Семак, стана првиот во историјата на Русија, кој успеал да стане шампион на земјата и како тренер и како фудбалер.

Претходно, Семак има пет шампионски титули во Русија како фудбалер на Рубин Казан, Зенит и ЦСКА (М). 43-годишниот стратег годинава го предводеше составот од Ст. Петерсбург до нова шампионска титула, откако последен пат „сините“ беа шампиони на Русија во 2015 година.

Интересно е што Зенит е четврттиот различен тим во руската Премиер Лига кој доаѓа до титулата, откако тоа претходно го направија ЦСКА, Спартак и Локомотив.