Екипата на Аталанта е на прагот да го направи најголемиот успех во својата историја, да се пласира во Лигата на шампионите и да им овозможи на своите навивачи да ужива во елитниот европски фудбал идната сезона. Аталанта денеска полесно од очекувањета го совладаа Лацио на „Олимпико“ со 3:1 и ја сочуваа четвртата позиција на табелата што носи во ЛШ. Има 62 бода, четири бода повеќе од Рома која својот меч од 35.коло го игра во моментов (против Џенова), а пет повеќе од шестиот Торино.

До крајот на првенството Аталанта ќе игра со Џенова, Јувентус и Сасуоло, а да потсетиме дека клубот од Бергамо го очекува и финалето на Купот против Лацио.

Денешниот меч добро го отвори Лацио, со гол на Марко Пароло, но потоа следуваше комплетен пресврт. Дуван Запата изедначи, Кастањ донесе водство, а Валас со автогол ја запечати победата на Аталанта со 3:1.

За крај малку статистика.

– Дуван Запата има 22 гола сезонава во Серија А, само еден играч на Аталанта во минатото имал повеќе – тоа е Филипо Инзаги кој во 1996/17 реализирал 24 гола.

– Аталанта постигна 71 гол што е клупски рекорд во една сезона, го урнаа претходниот од 66 во сезоната 1949/50.

– Аталанта успеала да собере 23 бода кога била во губитничка ситуација на натпреварите, најмногу од сите учесници во Серија А.