Последното гостување сезонава ракометарите на Вардар го имаат кај унгарскиот првак Пик Сегед, вечерва, 19 часот кога треба да го потврдат своето трето во низа учество на Ф4 во Келн.

Спортската сала „Вароши“ и нејзината атмосфера не е непозната за „црвено-црните“ момци. Напротив, тие знаат како се слави во неа.

Вардарци немаат пораз од Пик Сегед во најсилното европско клупско друштво во последните 15. години, а на последните три гостувања во Унгарија двапати излегол како победник, а еден меч завршил со реми. Во февруари 2016 вардарци славеле со 31:29, додека година дена подоцна, односно во февруари 2017 победиле со 23:21. Последниот натпревар меѓу овие два тима одигран во „Вароши“ во октомври 2017 завршил нерешено 26:26.

На ваквата статистика Вардар ја има и предноста од 31:24 од првиот меч во Скопје што и тоа како го прави фаворит во пресрет на денешниот меч.