Во пресрет на реваншот меѓу Пик Сегед и Вардар (вечерва, 19 часот) неизбежен момент е секако веселата матекатика, која вели дека сите сценарија се во корист на „црвено-црните“, со исклучок на едно – пораз со повеќе од осум гола.

Поточно, било каква победа, реми или пак, пораз помал од осум голови значи пласман на Вардар на Ф4 во Келн. Кон „Ланксес“ арена води и негатива од осум гола, но притоа Пик Сегед да даде помалку од 31 гол.

Вардар никогаш досега нема пропуштено ваква предност во нокаут фазата и е на вистинскиот пат до своето трето учество на Ф4 во Келн, додека Пик Сегед никогаш досега не бил дел од еден елитен финален турнир.