Перфектен настап имаше Галатасарај против Бешикташ во големото турско дерби на 31.коло во Суперлигата. „Лавовите“ победија со 2:0 и се сместија на првото место на табелата пред Башакшехир (исто бодови, но Галата има подобра гол-разлика), а притоа го елиминираа големиот ривал Бешикташ од трката по титулата.

Галата ја запиша 18. победа во шампионатот, а головите ги постигнаа Онјекуру во 44. и Фернандо во 55 минута. Посебно убав беше првиот гол, тоа беше прекрасна акција (видете на видеото подоле) која ја реализира Онјекуру.

Следниот меч на Галата е против Ризе во гости, па следува финалето на Купот против Акхисар на 15 мај. Потоа се играат две кола, а на 19 мај ќе видиме „пекол“ затоа што во директен дуел за титулата ќе ги одмери силите со Башакшехир. На крајот игра со Сивас.

Инаку на денешниот меч беше забележан апсолутен рекорд по посетеност на „Турк Телеком Арената“. На трибините имаше 51.578 гледачи.

ТАБЕЛАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ