Спортмедиа во Сегед, Марија Ковачева и Весна Николовска

Фото: Петр Стојановски

Се што не сакаа да им се случи вардарци го доживеаја во првото полуфинале од реваншот во четвртфиналето во Лигата на шампионите во Сегед, каде губат со 17:9 на полувремето.

Дури пет минути го чекавме првиот погодок (низа технички грешки и на двете страни) кој го постигна Сигурмансон од седмерец, за потоа Скубе и Кристопанс да „врзат“ два гола благодарение на одбраната на Милосављев за прво водство од 1:2.

Егал се играше до 4:4, но нервозниот испад на Мораес, загубената топка на Скубе и еден удар на Карачиќ, кој заврши во дирекот на голот на Алиловиќ беа причините за 3-0 серијата на Пик Сегед и највисока предност од 7:4 во средината на полувремето.

Вардар имаше проблеми со организацијата и реализацијата на нападот, па новата серија на Житников, Бомбач и Калман значеа +5 за домашните ракометари, 11:6, по кој Роберто Парондо ги собра момците на минута одмор.

Но, тоа не смени ништо во играта на вардарци, напротив проблемите продолжија, одбраната на Пик Сегед беше длабока и тоа му направи дополнителни тешкотии на Вардар да го види голот. Бомбач, Банхиди, Балог продолжија да го полнат нашиот гол и по само 27 минути игра унгарскиот првак имаше веќе +8 (15:7) и ја неутрализира предноста на Вардар од првиот меч.

Вардар цели осум минути немаше погодок, а тоа му донесе и 16:7 на Пик Сегед, пред Кристопанс да стави крај на серијата, а Дибиров да го постави конечниот резултат на полувремето.