Во третиот меч од полуфиналето на западната конференција во НБА лигата, Хјустон по продолжението ги совлада Голден Стејт Вориорс со 126:121 и на тој начин намали на 2:1 во серијата. Рокитс водеа во текот на поголемиот дел од натпреварот, имаа и двоцифрена предност, а потоа му дозволија на шампионот да се врати во четвртата четвртина па двете екипи наизменично се менуваа во водство.

Вориос имаа убава шанса да го добијат мечот и да поведат со 3:0 во серијата затоа што на 38 секунди пред крајот имаа 112:110. Сепак, Џејмс Харден од линијата за слободни фрлања избори продолжение, а во дополнителните пет минути беше вистински лидер на Хјустон. Постигна седум од вкупно 14 поени и го предводеше тимот до конечна победа.

Инаку вкупно мечот го заврши со 41 поен, девет скокови и шест асистенции. Ерик Гордон постигна 30, а Клинт Капела имаше дабл-дабл со 13 поени и 11 скокови. Кај гостите Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл со 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции, а најефикасен беше Кевин Дурент со 56 погодоци.

Следниот меч се игра во Хјустон, а петтиот во Оукленд.