Лондонските „сини“ со убедлива победа над екипата на Ватфорд веќе со една нога си го обезбедија местото во Лигата на шампионите за следната сезона. Маурицио Сари и неговите избраници дојдоа до 3. место на табелата и сега во последната рунда ќе се обидат да не загубат и да се задржат во ТОП 4 на табелата.

Фудбалерите на Челзи во првите 45 минути не успеаја да обезбедат предност против жилавиот противник, но одлуката за победникот се чини дојде во многу кус период во второто полувреме. Лофтус-Чик во 48’ и Давид Луиз во 51’ погодија за 2:0 и најавија дека „сините“ одат кон третото место на табелата.

Манчестер Јунајтед убаво стартуваше на средбата со Хадерсвилд. МекТоминај успеа по само 8 минути игра да ги доведе во водство од 1:0 кое го задржаа до одморот. Во второто полувреме домашните тргнаа решени да израмнат, па желбата успеаја да ја претворат во реалност во 60’ кога Мбенза најде простор и успеа да го матира Де Хеа. Со ова реми Манчестер Ј. ги загуби шансите за место во ТОП 4.

Huddersfield 0-1 Manchester United: McTominay from r/soccer