Ете и тоа се случи. Вардар, Барселона, Веспрем и Келце во Келн на Ф4 ќе бидат предводени од стратези кои доаѓаат од една иста земја, од Шпанија. Роберто Парондо со нашиот Вардар ќе води битка за пехарот против своите сонародници Чави Пасквал (Барселона), Давид Дејвис (Веспрем) и Талант Душебаев (Келце). Кога сме кај Дејвис да кажеме дека до пред една година и тој беше наш, вардаров, како помошник на Раул Гонзалез кога ја освоија титулата шампион на Европа во 2017 година. Во секој случај ние ќе навиваме за „нашиот Шпанец“ за Роберто Парондо…