Спортмедиа во Сегед, Весна Николовска и Марија Ковачева

Фото: Петр Стојановски

 

Ракометарите на Вардар ја завршија успешно својата мисија во Сегед. Како што дојдоа, така и заминаа – како победници и со пласман на третиот во низа Ф4 во Келн.

Позитивно расположени, насмеани и покрај дождливото и тмурно време во Унгарија, влегоа во автобус и тргнаа кон Скопје, каде заедно со своите навивачи ќе го прослават новиот успех.

Вардарци се подготвени за нова фешта!