Пред неколку дена, легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, одбил да с еврати на менаџерското место на еден англиски тим. Според информациите на „Дејли Меил“, Французинот добил отворена понуда од малиот лондонски состав Фулам да го преземе кормилото во новата сезона и да се обиде да го врати експресно во елитата.

Ова не е првпат Фулам да се обидува да го ангажира Французинот. Тие, исто така, го бараа во ноември, но беа одбиени, а потоа отидоа со Клаудио Раниери. Тие се обиделе да го ангажираат уште еднаш по Нова година, но добиле и втора „корпа“.

Желбата на тимското раководство на Фулам е да донесе популарно име во професијата, со што веднаш ќе успее да се  избори за промоција во елитата. Ако не успеат да убедат некој од најистакнатите менаџери, тие ќе потпишат договор со поранешниот англиски репрезентативец Скот Паркер.