Младиот и талентиран голман на Шалке, Александер Нибел (22) ќе биде ново голманско име на Баерн (М) за следната сезона. Германските весници со денови пишуваат дека Баерн е решен да го донесе младиот голман во својот состав и нема пречка која може да ги одврати од намерите.

Иако Нибел не сака да зборува за иднината, бидејќи има договор со Шалке до 2020 година, сепак, неговиот агент неколку пати бил на средби во Минхен. Исто така, Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на Баерн, потврди дека веќе имал неколку разговори со својот колега од канцеларијата на Шалке токму за ова младо голманско име.

„Имам договор до 2020 година и Европско првенство ова лето. За мене, сето тоа е во прв план. Сакам успешно да се преставам и засега само тоа ми е битно“, изјавил Нибел.

Пред 8 години, на ист начин, Баерн тогаш му го зема на Шалке Мануел Нојер, кој до денеска е најдобар голман во Бундеслигата.